Audi слави 25 години RS со специјален пакет за TT RS, RS 4, RS 5, RS 6 и RS 7! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi слави 25 години RS со специјален пакет за TT RS, RS 4, RS 5, RS 6 и RS 7!

Германскиот производител понуди специјален „Anniversary Package 25 Years of RS“ за неколку свои модели, со кои го слави јубилејот на RS брендот, како и првиот модел кој ја носеше ознаката RS.

Славеничкиот пакет вклучува Nogaro сина боја за екстериерот на автомобилите, како и детали во кабината обвиени во сина Alcantara – a токму овие детали оддаваат почит на легендарниот RS 2 Avant.

Пакетот ќе биде достапен за TT RS Coupé, RS 4 Avant, RS 5 Coupé, RS 5 Sportback, RS 6 Avant и RS 7 Sportback. Дополнително, екстериерот добива детали од мат алуминиум, како и сјајна црна боја – како на предниот дел, така и на задинот дел. На некои од моделите, Audi ознаките се во сјајна црна боја, а специјално RS славеничко лого се проектира на подлогата кога вратите се отворени. Сите автомобили ќе добијат и специјални двобојни тркала во сребрена и антрацит боја.

Кабините на автомобилите се примарно во црна боја, но добиваат детали во сина алкантара кои оддаваат почит на RS 2. Секако, и кабината добива специјални „25 Years“ ознаки, со цел да се истакне јубилејот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.