Претседателот на Toyota Europe потвди дека Aygo ќе добие трета генерација – и не би биле изненадени ако биде целосно-електричен автомобил.
Соработката која Toyota и PSA ја имаа за заедничко производство на Aygo, C1 и 108 следната година ќе завшри. Двата гиганти потврдија дека заедничкото производство ќе заврши и дека фабриката во Kolin ќе биде во сопственост на Toyota.
Сепак, од Toyota потврдија дека не се откажуваат од сегментот на мали градски автомобили. Всушност, претседателот на Toyota Europe – Johan Van Zul – изјави дека „Aygo е многу добар продукт за нас, во однос на освојување млади купувачи и нивно воведување во брендот. Уште го гледаме овој сегмент како добар за нас и во кој треба да имаме присуство.“ Тој додаде дека Toyota ќе разгледа убаво иднината на овој модел и дека можно е да го понуди како електричен автомобил, бидејќи овие автомобили се користат највеќе во урбаните средини.
Ваквата одлука не би била воопшто изненадувачка – сосем е логично малите урбани автомобили да бидат електрични – ним не им е потребна преголема автономија, а возењето на електрична енергија има многу, многу придобивки.