4-литарскиот TDI турбодизел кој се вградува во Touareg веќе испорачува 422 коњски сили и 900 Nm вртежен момент – но секогаш може повеќе, нели?
Големиот германски SUV веќе има повеќе од доволно сила – 4-литарскиот TDI турбодизел веќе испорачува одлични 422 коњски сили и 900 Nm вртежен момент – но зошто да не бидат тие бројки уште поголеми? Како звучат 500 коњски сили и 970 (ах, зошто не 1000?) Nm вртежен момент?
Секако, модификациите од ABT не завршуваат таму – па можете да нарачате големи, 22-инчни тркала, нова суспензија која го приближува Touareg до подлогата за цели 38 милиметри напред и 30 милиметри позади, како и многу, многу можности за персонализација на ентериерот – можете да добиете делови обвиени во алкантара, детали од карбон, итн.
Како ви изгледа?