Audi подготви освежување за RS 5 Coupé и RS 5 Sportback – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подготви освежување за RS 5 Coupé и RS 5 Sportback

Audi Sport подготви освежување за RS 5 Coupé и RS 5 Sportback – популарните модели од RS семејството го задржуваат 2.9-литарскиот твин-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили, но добиваат дискретно ревидиран дизајн и освежена кабина.

Козметичкото освежување вклучува ревидирана, поширока решетка на ладилникот (која сега наликува на онаа кај RS 6 Avant и RS 7 Sportback), пошироки крила, LED Matrix светла со Audi Laser Light технологија, редизајнирани странични прагови и редизајниран дифузер во задниот браник. Дополнително, додадени се две бои – Turbo Blue и Tango Red, а RS 5 Coupe добива карбонски кров, со што тежината се намалува за околу 4 килограми.

Кабината кај обата модели стандардно ќе доаѓа со RS спортски седишта обвиени во кожа и алкантара, а ќе може да се добие Nappa кожа. Двата автомобили добиваат и нов, 10.1-инчен MMI мултимедијален уред, како и опционален, 12.3-инчен Audi Virtual Cockpit Plus.

Погонот останува истиот – а тоа е 2.9-литарскиот твин-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Силата од моторот оди кон 8-брзински автоматски Tiptronic менувач и quattro погон на сите четири тркала – а тоа резултира со катапултирање до 100 километри на час за 3.9 секунди и максимална брзина од 280 километри на час. Двата автомобили стандардно ќе доаѓаат со 19-инчни тркала, а по порачка ќе може да се добијат 20-инчни тркала. По нарачка ќе можат да се добијат и карбонски сопирачки.

Продажбата на освежените RS 5 Coupé и RS 5 Sportback ќе започне наскоро.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.