Mercedes-Benz се подготвува да го претстави новиот GLA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz се подготвува да го претстави новиот GLA

Премиерата на новиот GLA е закажана за утре, а Mercedes-Benz објави скица од новата, втора генерација на својот премиум кросовер.

Дизајнот на новиот GLA е веднаш-препознатлив – односно, препознаваме дека (повторно), компактниот кросовер на Mercedes-Benz е директно базиран на А-класата. Од Mercedes-Benz веќе потврдија некои детали – новиот GLA ќе биде околу 10 сантиметри повисок од минатиот. Истовремено, новиот GLA ќе биде 15 милиметри пократок од моделот кој е во заминување, но ќе има подолго меѓуоскино растојание.

Сега за сега немаме повеќе детали, но сите информации ќе ги имаме утре.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.