Bugatti подготви две лимитирани серии на Chiron – со ознаките Noire Sportive и Noire Elegance – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti подготви две лимитирани серии на Chiron – со ознаките Noire Sportive и Noire Elegance

Специјалните серии ќе бидат произведени во само 20 примероци – и секој автомобил ќе чини од 3 милиони евра.

Двете верзии добиваат некои детали од Chiron Sport – како на пример завршетоците од издувниот систем, но понатаму пристапот е различен. Кај Noire Elegance – очигледно – вниманието е посветено на елеганцијата, додека Noire Sportive e ориентиран кон спортските детали.

Bugatti Chiron Noire Elegance добива надворешност која е изработена од сјајно-полиран карбон, како и редизајнирана предна маска во која е вградено логото на Bugatti изработено од чисто сребро. Добива и нови тркала, црни шепи на сопирачките и детали од матиран алуминиум.

Порадикален е Noire Sportive – целата надворешност е изработена од мат карбон, а деталите се обоени во мат црна боја. Дури и во кабината доминира црната боја – многу прекинувачи и други ситници се во мат црна боја.

Побрзајте со нарачките – ќе бидат направени само 20 примероци од Noire Elegance и Noire Sportive и секој од нив ќе чини по 3 милиони евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.