full screen background image
Search

Nissan GT-R50 на Italdesign оди во лимитирано сериско производство!

Само 50 примероци од преработениот Nissan GT-R ќе одат во сериско производство – и повеќето се веќе резервирани.

Сакате ексклузивен, славенички Nissan GTR? Italdesign пред некое време го претстави GT-R50, а сега го гледаме во неговата финална, сериска форма.

Сериска? Па да, Italdesign во соработка со Nissan ќе подготви само 50 примероци од ексклузивниот GT-R50, и секој од нив ќе чини по 990.000 евра. Ситница. Инаку, серискиот модел е навистина сличен со концептот – единствената разлика се страничните ретровизори, кои кај концептот беа камери. Секако, добивате и многу моќ – односно, под каросеријата од Italdesign се кријат платформата и моторот од Nissan GT-R Nismo – а тоа значи 3.8-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 720 коњски сили и 780 Nm вртежен момент.

Повеќето резервации веќе се направени, а првиот финален примерок ќе биде прикажан во Женева. Останатите испораки ќе започнат кон крајот на следната година.

Го нарачавте вашиот?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.