full screen background image
Search

Opel ги објави првите фотографии од освежената Insignia Grand Sport

Премиерата на освежената Insignia Grand Sport е закажана за следниот месец во Брисел, но Opel веќе ги објави првите фотографии од фејслифтот на големиот седан.

Од Opel кажуваат дека измените се во насока на истакнување на купеовската форма на Insignia Grand Sport – и нема зошто да не, големиот седан на Opel веќе е еден од најубавите модели во овој сегмент.

Измените се воглавно концентрирани околу предниот дел – па препознаваме редизајнирана предна маска, како и нови предни светлосни групи. Под маската на ладилникот е поставен голем отвор за воздух, околу кој има нови светла за магла и нови, аглести отвори за воздух. Новите светла се супер-хај-тек – според Opel, новите IntelliLux LED светла се високо-ефикасни, а имаат имаат 168 LED елементи – со што осветлувањето би требало да биде одлично во сите услови. Интересно е што сите верзии на Insignia Grand Sport ќе добијат LED светла.

Сега за сега немаме фотографии од ентериерот, но од Opel кажуваат дека кабината ќе добие нов безжичен полнач за мобилни телефони, како и пософистициран инфозабавен систем, кој според најавите би требало да биде со „посвеж и помодерен изглед.“ Дополнително, освежната Insignia GS добива нова задна камера, како и Rear Cross Traffic Alert систем. Нема никакви детали околу погонските единици, но очекуваме дека Insignia ќе добие некои од моторите од PSA.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.