Ford најавува електричен SUV инспириран од Mustang – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford најавува електричен SUV инспириран од Mustang

Ford објави скица со која го најавува изгледот на новиот електричен кросовер, со дизајн инспириран од моделот Mustang.

Скицата ги открива профилните линии на кросоверот и ја покажува директната поврзаност со Американскиот мускулест модел. Тоа ги вклучува карактерните линии кои се наоѓаат над тркалата, контурата на стаклата, закосената линија на покривот во задниот дел и навалената линија на предниот поклопец. Исто така се чини дека и двете светлосни групи ќе ги добијат карактеристичните Mustang елементи.

Не е познато многу за електричниот SUV, освен информацијата дека ќе биде способен да помине повеќе од 600 километри со само едно полнење според WLTP циклусот. Ова ќе биде првиот модел на Ford кој е специјално дизајниран да биде поставен на платформа за електрична конфигурација, а се очекува да биде понуден во верзии со погон на задните или сите тркала.

Електричниот SUV ќе дебитира на специјален настан во Лос Анџелес, веднаш пред автомобилскиот саем. Продажбите на моделот ќе започнат при крајот на 2020 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.