full screen background image
Search

Hyundai iMax N е дрифт минибус со осум седишта и 402 коњски сили

Австралиската N Performance дивизија на Hyundai создаде уникатен и необичен дрифт минибус базиран на моделот i800.

За да го остварат ова тие го замениле 2.5-литарскиот дизелски агрегат со 3.5-литарски V6 турбо-бензински мотор кој испорачува 402 кс 555 Nm вртежен момент кон задните тркала, преку осум-степена автоматска трансмисија. Минибусот е исто така опремен со поаеродинамичен бодикит, електронски контролирана суспензија, N сопирачки монтирани позади 19-инчните алуминиумски фелни.

Во внатрешноста iMax N ги добил предните седишта и воланот од моделот i30 N, а задните шест седишта се опшиени во истиот кожен материјал. Според Hyundai, дрифт минибусот има перфектна 50:50 распределба на тежината во случај кога има патници на сите седишта.

Погледнете го дрифт минибусот како изгледа во акција и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.