full screen background image
Search

Porsche слави 10 години на големиот седан со ексклузивната Panamera 10 Year Edition

Porsche лансираше специјална серија од новата Panamera, која е достапна во неколку моделски изведби и ја слави 10-годишнината на големиот седан.

Специјалната Panamera ќе може да се добие како регуларната Panamera, но и како Panamera Sport Turismo. Сите примероци ќе бидат во црна боја, и ќе добијат 21-инчни Sport Design тркала во сатенска бела боја, како и Panamera 10 значки на предните врати. Сите примероци ќе добијат и многу, многу опрема (која вообичаено се добива по нарачка) – ParkAssist, LED Matrix предни светла, цела гама на системи за асистенција, спортски седишта со 14-насочно нагодување, меко затворање на вратите, Bose аудио уред, воздушна суспензија и уште многу, многу повеќе.

Инаку, новата Panamera 10 Year Edition ќе биде достапна во Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid изведби, и во соодветните Sport Turismo изведби со истите мотори. Хибридните изведби ќе добијат помоќен 7.2 kW полнач, наместо обичниот со моќност од 3.6 kW.

Panamera се покажа како успешен модел за Porsche. Во изминатите 10 години се испорачани 251.000 примероци, од кои 161.700 се од првата генерација, 89.300 од втората генерација на Panamera. Ние Panamera ја познаваме добро, бидејќи на неколку наврати имавме можност да ја возиме. Ја возевме на Istanbul Park F1 тркачката патека во Истанбул, а неодамна и како дел од Porsche Experience возењето тука во Македонија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.