full screen background image
Search

Mazda влегува во Touring Car Racing со новата 3 TCR!

Новиот супер-секси тркачки автомобил на Mazda ќе дебитира во Јануари следната година на Rolex 24.

Mazda 3 TCR е модел кој е очигледно базиран на сериската Mazda 3 (која ние неодамна ја возевме, прочитајте го нашиот тест), но сепак добива значително поагресивен лик – добива нов преден сплитер, огромни странични прагови, фиксен заден спојлер како и заден дифузер. Целиот автомобил е значително поширок, со цел да може да ги покрие големите тркала и широките пневматици.

Инаку, тркачкиот автомобил е придвижуван од турбо-бензинец кој испорачува 350 коњски сили кон предните тркала преку шест-брзински менувач. Новата Mazda 3 TCR е предвидена да може да учествува во 36 различни TCR шампионати кои се одржуваат ширум светот. Во тие шампионати веќе учествувваат Renault, Subaru, Volkswagen, Seat, Hyundai, Honda и многу други.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.