full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новата Opel Corsa GS Line е мал спортски хечбек со 130 коњски сили!

Opel го искористи саемот на автомобили во Франкфурт да ја претстави новата Corsa GS Line – компактниот спортски хечбек добива 1.2-литарски турбо-бензинец со 130 коњски сили!

Пред точно 32 години, Opel ја претстави легендарната Corsa GSi од првата генерација. Тогашниот автомобил доби 1.6-литарски атмосферски бензинец, чии 100 коњски сили и 820 килограми овозможуваа импресивни перформанси, барем во контекст на тогашните автомобили. Corsa A GSi можеше да достигне 100 километри на час за 9.5 секунди и да постигне максимални 188 километри на час.

Сега, 32 години подоцна, новата Corsa GS Line добива модерен 1.2-литарски турбо-бензинец и 8-брзински автоматски менувач. Моторот испорачува 130 коњски сили и 230 Nm вртежен момент – сосем доволно да му овозможат на спортскиот хечбек да забрза до 100 километри на час за 8.7 секунди и да постигне максимални 208 километри на час – и сето тоа со комбинирана просечна потрошувачка од само 6 литри на 100 изминати километри според WLTP.

Corsa GS Line добива спортски седишта, спортски браници, хромиран завршеток на издувниот систем, пошироки пневматици и уште неколку други ситници, како и Sport режим на работа кој го „затегнува“ управувањето и го забрзува реагирањето на моторот. Заинтересирани?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.