full screen background image
Search

Иџе ги возеше скопјани во големиот Ford F-150 на General Tire!

Деновиве скопјани имаа несекојдневна можност – а тоа е да Игор Стефановски Иџе да ги повози во монструмот на General Tire – американскиот бренд на пневматици кои ги увезуваат нашите пријатели од Мотоцентар.

General Tire е бренд кој постои повеќе од 100 години (и за кој неколку пати веќе сме пишувале) – и тие се вистински специјалисти за развој и производство на гуми наменети за теренско возење. Всушност, како што и нивниот слоган кажува – тие докажуваат дека секое место е достижно, сè додека ги имате вистинските пневматици. Истовремено, General Tire е шестгодишен спонзор на NASCAR Euro Series.

American Ride е настан кој се одржува во неколку земји, каде сите можат да се пријават за да се возат во гоооолем Ford F-150 опремен со Grabber A/T пневматици – и каде зад управувачот на тој голем Ford е искусен возач.

Во нашиот случај, тоа беше токму Игор Стефановски Иџе – неколкукратниот шампион и гордоста на македонскиот автомобилизам. По завршената онлајн пријава, скопјани на неколку места низ нашиот главен град имаа можност да се повозат токму со Иџе и General Tire.

Застапници и увозници за General Tire на нашиот пазар се нашите пријатели од Мотоцентар. Токму во нивните простории имавме одлична можност одблиску да го погледнеме F-150, но и да ги погледнеме General Tire Grabber A/T пневматиците – и сигурни сме дека се подготвени за сите теренски предизвици!

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.