full screen background image
Search

Регулаторна: Се покачуваат цените на бензините и дизелот

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, покачени цени на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3.69%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 69.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 72.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари, и еден литар дизел ќе чини 64 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.