Давидовски од ПСС Рејсинг Тим викендов настапува на патеката Каталуња крај Барселона – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Давидовски од ПСС Рејсинг Тим викендов настапува на патеката Каталуња крај Барселона

Давидовски пред две трки на „Ред Бул Ринг“ во Австрија ги освои првите поени, а имаше големи очекувања и од трката на „Ошерслебен“ во Германија.

„Сакам да бидам самокритичен и да кажам дека поради сопствени грешки не успеав да освојам нови бодови во претходната трка, бидејќи стартував од 17 место и во првата трка го имав четвртото најдобро време од 1:33.194 (гледано од најбрзите кругови ма сите возачи). Автомобилот беше одлично подготвен и успеав да покажам дека имаем потенцијал, но за жал патеката е тесна и престигнувањата се мошне тешко изведливи. За разлика од ова, во Барселона очекувам да има повеќе можности за престигнување, но збунет сум од одлуката на организаторите да додадат дополнителни килограми за возилата на Хонда, кои и онака на оваа патека не беа меѓу фаворитите“ – елаборира Давидовски.

Согласно правилата, организаторите пред секоја трка соопштуваат БОП-параметри (Balance of Performance), со што се обидуваат да стимулираат некои екипи и автомобили, па така за Опел Корса е дозволено подигање на лимитот на моторот на 102,5% додека на Хонда Сивик се додаваат 60 килограми од спецификацијата во Германија.

„Имаше големи реакции за ваквата одлука уште пред трката во Кина за светското првенство, но во случајов кај нас дополнително ќе се одрази поради свиокливата конфигурација на патеката во Барселона. На хартија, делува како невозможна мисија, но тука сме за да дадеме максимум од себе и да се обидиме позитивно да изненадиме додека сите нè отпишуваат“ – додава Давидовски.

Со трката во Шпанија, првенство на ТЦР Европа влегува во својот финиш, бидејќи до крајот на сезоната останува уште настанот во Монца на 13 октомври.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.