Новиот Yaris ќе добие и сосем нова платформа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Yaris ќе добие и сосем нова платформа

Новиот Toyota Yaris ќе биде поставен на најновата изведба на TNGA архитектурата – која ја носи ознаката GA-B и е проектирана да понуди врвно управување.

Следната генерација на Toyota Yaris ветува многу новитети. TNGA на Toyota се покажува како една од најфлексибилните и најмодуларните архитектура, а GA-B платформата (како и сите други интерпретации) е проектирата да ги истакне динамичните карактеристики. Од Toyota кажуваат дека платформата е супер-ригидна, а напоменаа и дека користи MacPherson на предната оска и торзија или мулти-линк на задната оска.

GA-B е проектирана да го постави возачот ниско и поназад кон централната точка, а тоа ќе понуди подинамиќна возачка позиција и пониско тежиште. Од Toyota кажуваат дека новата платформа ќе се користи за возила од неколку различни големини и каросериски изведби. Платформата може да понуди и различно меѓуоскино растојание, и различен траг, во зависност од изведбата. Еден од новите автомобили ќе биде токму новиот Toyota Yaris, а не е исклучена опцијата да бидат понудени како повеќе каросериски изведби на новиот хечбек, така и нов кросовер со слични димензии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.