Продолжува ВЕРНА наградната игра на Макпетрол – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Продолжува ВЕРНА наградната игра на Макпетрол

Во продажно-сервисниот салон на Хонда, Макпетрол ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници од ова коло.

Оваа наградна игра нам ни е особено важна, затоа што имавме можност да ја креираме за нашите верни потрошувачи кои преку користење на нашите горива и услуги веќе се, или ќе бидат добитници на вредни награди.  Можеме слободно да кажеме дека ова е една од најголемите наградни игри во Македонија. Исто така, нашата Верна програма за лојалност е една од најпопуларните програми од таков вид во земјата. Веќе имаме 175.000 членови на ВЕРНА програмата и таа бројка од ден на ден постојано се зголемува. Оваа бројка за нас како компанија е најголемо признание за напорната работа и континуираното ангажирање во насока на достигнување што поголем број задоволни корисници.“  – истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.

Денеска, во рамките на шестото редовно коло беа доделени лап-топ Dell, а како главна награда од третото мастер коло беше доделен четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.

Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба истакна дека Макпетрол е лидер на македонскиот пазар повеќе од седум децении, a Компанијата немаше да биде она што е денес без довербата од своите верни потрошувачи. Таа доверба Макпетрол ја возвраќа преку продажба на современи и квалитетни горива и секако, завидна услуга.

Денес е последното доделување на награди за оваа година и ја користам оваа прилика да најавам дека во наредната 2019 година ќе продолжиме со нова наградна игра која што ќе биде уште поинтересна за нашите потрошувачи. Овој месец над 40 најсреќни потрошувачи добиваат вредни награди. Притоа, преку нашата ВЕРНА програма за лојалност буквално сите потрошувачи добиваат, односно стекнуваат вредносни поени  со секоја направена трансакција на нашите продажни места. Досегашните наградни игри станаа симбол на нашата верност кон потрошувачите, а денес сме тука да ги доделиме наградите од шестото редовно и третото мастер коло. – додаде Георгиевски

Од компанијата додадоа дека во шестото редовно коло учествуваа 198.000, а во третото мастер коло речиси 400.000 квалификувани трансакции, но од сите нив само двајца беа среќни добитници на овие вредни награди.

 Ненад Миклош, со број на трансакција 395598 беше среќниот добитник на лап-топ Dell, а најсреќниот ова коло беше Томе Николовски, со број на трансакција 284586 кој беше добитник на прекрасниот четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.