Volvo Cars Македонија овозможува финансирање со фиксна каматна стапка од 4.5% – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo Cars Македонија овозможува финансирање со фиксна каматна стапка од 4.5%

По отворањето на новиот салон на Volvo Cars во Скопје, Премиум АГС претстави нов производ наменет за потенцијалните клиенти кои сакаат да купат нов Volvo автомобил.

Volvo Car Финансирање е услуга која брендот ја нуди на светско ниво и се одликува со одлични услови, фиксна каматна стапка и рок на отплата според желбите на купувачот. Кај нас, Volvo Cars Macedonia нуди финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% (најдобра на пазарот) и рок на отплата до 7 години (84 месечни рати).

Намерата на Volvo е финансирањето да биде лично и прилагодено кон желбите на клиентот, па заинтересираните клиенти ќе добијат персонализиран предлог според нивните потреби и тоа директно од тимот за продажба – во рок од само 24 часа. Намерата на Volvo е финансирањето да биде практично и достапно – па токму затоа, сè што клиентот треба да направи е да го контактира единствено со тимот за продажба, кој понатаму го води, реализира и го помага целиот процес.

Услугата Volvo Car Финансирање е создадена во соработка со S-Leasing (Sparkasse Bank), а со воведувањето на оваа услуга купувачите ќе имаат можност да влезат во светот на Volvo со месечна рата веќе од 384 Евра (за моделот XC40). За сите информации, можете да се информирате на следниот линк: Volvo Car Финансирање.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.