ПРЕМИЕРА: Сo Concept 4, BMW ја најавува новата Серија 4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Сo Concept 4, BMW ја најавува новата Серија 4

Баварскиот производител ја најавува новата BMW Серија 4, односно новите М3 и М4 со концептот кој се вика едноставно – Concept 4.

Од која страна и да го гледате концептот, неизбежна е новата вертикална маска на ладилникот. Според BMW „вертикалната ориентација на маската на ладилникот совршено одговара во пропорциите на предниот дел на автомобилот и поставува врска кон минатото на BMW.“ Domagoj Dukec – кој е на чело на BMW Design – кажува дека „BMW Concept 4 претставува самоуверен и достоинствен пристап кон овој иконски детал.“

Инаку, концептот успева истовремено да биде и радикален, но и да оддаде почит кон очекуваните дизајнерски детали на брендот. Одлично ни изгледаат тенките ласерски предни светла, како и интересно-интегрираните задни светлосни групи. Острите детали околу браниците сугерираат дека идните M-верзии ќе влечат инспирација токму од овој концепт. Пропорциите на концептот се типично купеовски – добиваме доооолг преден дел и краток заден дел – а токму ваквите пропорции ја истакнуваат динамичноста на автомобилот.

Концептот изгледа радикално – останува да видиме како тоа ќе биде преточено во сериски автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.