full screen background image
Search

Регулаторна: 95-ката поевтинува половина денар, дизелот поскапува половина денар

Регулаторна ги објави новите цени на горивата – цената на 95-октанскиот бензин се намалува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за половина денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.21 проценти.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за половина денар и еден литар „95-ка“ ќе чини 66.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 не се менува и еден литар  и понатаму ќе чини 69.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар и еден литар дизел гориво ќе чини 61.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.