Утринска Гимнастика: Новиот Audi TTS против стариот Audi R8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Audi TTS против стариот Audi R8!

Како на најдобар начин ќе го проверите напредокот на еден спортски модел, ако не во споредба со суперавтомобил од пред 10 години?

Магазинот Carwow ја спротивстави спортската S изведба на роудстерот TT со популарниот суперавтомобил R8 од 2008ма година. Малиот кабриолет е погонуван од 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат со 310 кс, додека R8 го погонува значително поголемиот 4.2-литарски природно аспириран бензински мотор со 422 кс.

Се чини дека малиот TTS ќе биде тешко поразен, но да погледнеме дали е така:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.