ПРЕМИЕРА: Bugatti Centodieci оддава почит на легендарниот EB 110 SS од 90-тите години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Bugatti Centodieci оддава почит на легендарниот EB 110 SS од 90-тите години!

Познавачите на Bugatti веднаш ќе ги препознаат деталите од легендарниот EB 110 кој се произведуваше во 90-тите години од минатиот век, кај новиот Centodieci.

Ајде прво да го дешифрираме името. Centodieci значи 110 на италијански, а моделот не е само прослава на 110-годишнината на компанијата, туку истовремено е оддавање почти на легендарниот EB110 од 90-тите години, кој всушност беше направен во чест на 110-тиот роденден и ги носи иницијалите на Ettore Bugatti. Ќе бидат произведени само 10 (dieci) примероци, а почетната цена е скоро неверојатни 8 милиони евра. Плус ДДВ.

Сега можеме да зборуваме и за дизајнот – Centodieci е веднаш препознатлив како Bugatti, но истовремено препознаваме многу детали кои асоцираат на EB110. „Потковицата“ на предниот дел е многу помала од онаа кај Chiron и Veyron, плус на предниот дел има светла и отвори за воздух кои веднаш евоцираат спомени на EB110.

Моторот е поставен под стакло, исто како кај EB110, и на страниците ги препознаваме отворите за воздух кои беа карактеристични за EB110. Задниот дел е навистина различен – рамната „задница“ на EB110 е заменета со детални тродименизонални форми, но сепак духот на EB110 е препознатлив во формата на задните светла.

Инаку, Centodieci е придвижуван од истиот 8-литарски, квад-турбо W16 бензинец кој сега испорачува 1600 коњски сили. Силата се пренесува кон сите четири тркала, а перформансите… Од нив застанува здивот. 100 километри на час пристигнуваат за само 2.4 секунди, 200 километри на час за 6.1 една секунда а 300 километри на час за 13.1 секунда. Максималната брзина е електронски ограничена на 380 километри на час.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Bugatti Tourbillon - Хибриден хипер-автомобил со атмосферски V16 и 1800 коњски сили!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.