full screen background image
Search

Регулаторна: Дизелот поскапува половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – цените на бензините не се менуваат, додека цената на дизелот се зголемува за половина денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.07%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 не се менуваат, и овие горива и понатаму ќе чинат 66.50, односно 68.50 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел ќе чини 60.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.