Новата Opel Corsa е најаеродинамичен автомобил во сегментот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Opel Corsa е најаеродинамичен автомобил во сегментот

Најновата, шеста генерација на Opel Corsa може да се пофали дека е најаеродинамичниот автомобил во својот сегмент, со коефициент на отпор од само 0.29.

Инженерите на Opel ја оптимизираа аеродинамичноста на новата Corsa во Истражувачкиот Институт за Автомобилски Инженеринг и Мотори за Возила кој е во рамките на Универзитетот во Штутгарт. Резултат на екстензивното користење на воздушниот тунел е коефициент на отпор од само 0.29. Дополнително, предната површина на новата Corsa е само 2.13 m2 – и сето тоа резултира со најдобрата аеродинамика во класата.

„Аеродинамичноста е само еден дел каде Opel ја подобрува ефикасноста на своите автомобили“ – изјави директорот за инженеринг Christian Muller, и додаде – „напредните бензински и дизел погони, како и врвната електрификација се други алатки кои ги користиме за значително да ја намалиме потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Сите овие технологии се целосно искористени за новата Corsa, која за прв пат ќе се нуди и како електричната Corsa-e“.

Но што всушност направиле инженерите и дизајнерите на Opel? Па, еден пример се заштитните рамни панели поставени под автомобилот, кои го подобруваат текот на воздухот. Задниот спојлер исто така го подобрува протокот на воздухот и намалува турбуленции кои создаваат отпор. Новата Corsa има и активни отвори за воздух, кои се затвораат во оние ситуации кога не е потребно толку интензивно ладење на моторот, а за сметка на тоа се подобрува аеродинамиката. Овие активни отвори за воздух се отвораат или затвораат во зависност од условите – на пример, тие ќе бидат отворени во „тргни-застани“ услови во градските метежи, но ќе бидат затворени кога не е потребно толку директно ладење на моторот.

Новата Corsa ќе го има своето официјално деби на саемот на автомобили во Франкфурт.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новата Opel Frontera доаѓа со електричен и хибриден погон!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.