full screen background image
Search

SEAT слави 1.000.000 продадени примероци од тековниот Leon

Leon во моментов е најпродаваниот модел на SEAT – тој дури успеа да го преземе тој примат од Ibiza, која беше на врвот изминативе 30 години!

Шпанскиот бренд во рамките на Volkswagen групацијата има причина за славење – од лансирањето на третата генерација на Leon во 2012 до сега се продадени 1.000.000 примероци на популарниот хечбек. Leon е дизајниран и развиен – и се произведува – во фабриката на SEAT во Martorell, а како основа ја користи модуларната MQB платформа на Volkswagen групацијата. Ние неодамна го возевме новиот Leon во FR TDI издание – погледнете го нашиот тест.

Претседателот на SEAT – Luca de Meo – објасни дека „Leon – особено третата генерација – е вистинскиот столб на брендот, и е најшироко препознатливиот и најценетиот автомобил на SEAT купувачите на пет континенти. Leon е една од најважните водечки сили позади трансформацијата на брендот и придонесе кон продажните рекорди на SEAT.“

Wayne Griffiths, потпретседателот одговорен за продажба и маркетинг во SEAT изјави дека „најважниот аспект за третата генерација на Leon е прифатеноста која сè уште ја има на пазарот, седум години по лансирањето. Во 2017 Leon постигна рекорд со 170.000 продадени автомобили и сигурни сме дека ќе постигнеме одлични резултати и во 2019.“

Инаку, 2018 беше најуспешна во историјата на SEAT – брендот приајви профит од 294 милиони евра – импресивни резултати ако земеме во предвид дека во 2012 имаше загуба од 149 милиони евра. Најважни пазари за SEAT се Германија и Обединетото Кралство каде испораките се зголемени за 70, односно 60 проценти во однос на 2012 – и таму Leon е на водечката позиција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.