full screen background image
Search

Porsche ги претстави основните верзии на најновиот 911

„Основните“ Porsche 911 Carrera и Carrera Convertible користат 3-литарски шест-цилиндерски боксер кој испорачува 385 коњски сили и 450 Nm вртежен момент.

Кога Porsche ја претстави најновата генерација на легендарниот 911, тоа го направи со претставување на Carrera S и Carrera 4S моделите. Сега Porsche ја претстави и „основната“ верзија на најновата генерација на 911. Оваа верзија користи 3-литарски турбо-боксер со шест цилиндри кој испорачува 385 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Во комбинација со 8-брзинскиот PDK менувач, вака-опремениот 911 може да забрза до 100 километри на час за 4.2 секунди и да постигне максимални 293 километри на час. Нарачајте го Sport Chrono пакетот и ќе симнете дополнителни 0.2 секунди од времето „до стотка“.

Доколку одлучите да ја одберете верзијата со платнен кров, тогаш можете да очекувате 4.2 секунди до 100 километри на час (со Sport Chrono) и максимални 291 километар на час. Дополнително, „основниот“ 911 добива 19-инчни тркала на предната оска обвиени во 235/40 пневматици и 20-инчни тркала на задната оска обвиени во 295/35 пневматици, како и 330-милиметарски дискови за сопирачките.

Ние веќе имавме можност да го возиме новиот Porsche 911 – и тоа во Carrera S и Carrera 4S изведби на неодамнешниот Porsche Road Tour во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.