full screen background image
Search

ВИДЕО: Воениот теренец на иднината доаѓа од… Volvo?

Големиот Scarabee доаѓа од компанијата Arquus Defense – која до неодамна се викаше Renault Trucks Defense, но од минатата година е под капата на Volvo Group.

Големиот Scarabee изгледа како да доаѓа од некој футуристички техно-трилер. Теренецот не само што има погон на сите четири тркала, туку нуди можност за индивидуално управување на секое од тркалата – а тоа пак го прави навистина повеќенаменски. Scarabee е придвижиуван од 300-коњски турбодизел, но истовремено добива и 103 коњски сили од електромотор. Обата мотори се поставени позади, а хибридниот систем е наменет како асистенција, бидејќи Scarabee тежи 6 тони.

Дизелскиот мотор нуди автономија од околу 1000 километри, додека електромоторот би бил доволен за само неколку километри – но тоа и не е неговата поента. Поентата е да понуди брзо задвижување на големиот теренец доколку е потребно – всушност, од Arquus кажуваат дека доколку е потребно, тој би можел да избегне проектил од ракетен фрлач. Максималната брзина која може да ја постине е околу 120 километри на час.

Scarabee има и адаптивна суспензија, а може да пренесува и околу 2 тони товар. Дополнително, дизајниран е да може да биде исфрлен од авион и безбедно (со помош на некаков падобран, секако) да се спушти на земјата. Popular Science кажуваат дека токму со Scarabee ќе бидат заменети 725 лесни оклопни возила на француската армија, и тоа до 2025.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.