full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Дизелот поскапува за денар, бензините за денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, повисоки максимални цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ, максималните малопродажни цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.35%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.5 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе ќини 70.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 72.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1 денар, па еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.