Заврши производството на Volkswagen Beetle – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Заврши производството на Volkswagen Beetle

Последниот примерок од последната генерација на Volkswagen Beetle ја напушти производната лента во фабриката во Мексико.

Германскиот производител реши повторно да го прекине производството на моделот, откако третата генерација на познатата „Буба“ се покажа како не премногу популарна. Последниот примерок беше обоен во Denim Blue боја и ќе биде изложен во музејот на Volkswagen во Пуебла, Мексико.

На глобално ниво моделот Beetle се има продадено вкупно во 21.5 милиони примероци, од тие најголем број и се препишуваат на првата генерација. Втората генерација беше вистински хит кога се појави на пазарот во 1998 и се продаде во 1.2 милиони примероци, додека третата генерација е продадена во само 500,000 примероци.

Иако заврши производството на Beetle, фабриката во Пуебла ќе продолжи да работи бидејќи ќе биде приспособена да произведува нов кросовер за Северна Америка. Моделот ќе биде сместен под Tiguan и ќе биде наречен Tarek.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.