full screen background image
Search

По 20 години во Jaguar, си заминува Ian Callum

По 20 години поминати во Jaguar и направена вистинска револуција во дизајнот на брендот, од позицијата Директор за Дизајн си заминува Ian Callum.

„Имав неверојатна кариера во Jaguar, а еден од моите најголеми успеси е создавањето на XF, бидејќи токму тој модел го претставуваше почетокот на една нова ера, која го помести Jaguar од традиционалниот кон моерниот дизајн.“

Кариерата на Callum започнува во 1979 во Ford. По 11 години во Ford Design Studios, тој отиде во TWR Design, каде зема учество во дизајнирањето на легендарниот (и преубав) Aston Martin DB7. Callum се придружи на дизајнерскиот тим на Jaguar во 1999, каде веднаш беше поставен на позицијата Director of Design, а истовремено беше одговорен и за дизајнот на Aston Martin Vanquish, но и учествуваше во дизајнот на DB9.

Инаку, под водството на Ian Callum, Jaguar стана навистина модерен и препознатлив бренд. Да, моделите на Jaguar секогаш имале свој кул фактор кој ниту еден друг бренд не успеа да го достигне, но со новата генерација на модели – меѓу кои и спортскиот F-Type, но и електричниот I-Pace, Callum му помогна на брендот да го смени своето позиционирање и да им помогне на купувачите да ја сменат својата перцепција за Jaguar.

„Дојдов на оваа позиција со мисија да го однесам дизајнот на Jaguar онаму каде треба да биде. Ни беа потребни 20 години, но верувам дека успеав во тоа, и со оглед на можностите на нашите продукти, но и тимот одговорен за дизајн, чувствувам дека е време да одам понатаму и да истражувам други дизајнерски проекти.“

Поврзано:   Освежениот XE пристигна во салонот на Jaguar во Скопје!

Сепак, Ian Callum ќе има улога на „консултант за дизајн“ во Jaguar, а на неговото место ќе дојде Julian Thompson.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.