full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG го претстави CLA 35 Shooting Brake

Со новиот Mercedes-AMG CLA 35 Shooting Brake, германскиот бренд сака да понуди интересна (и мораме да признаеме – привлечна) комбинација на практичност и перформанси.

Како и кај другите модели кои ја носат AMG 35 ознаката, под поклопецот се крие 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Тие 306 коњски сили се пренесуваат кон сите четири тркала преку 7-брзински менувач со двојна спојка, и овозможуваат 100 километри на час за само 4.9 секунди, како и максимална брзина од 250 километри на час. Инженерите на AMG дополнително ја имаат зацврстено шасијата преку засилувања во предниот дел, но и под автомобилот. CLA 35 SB добива и рекалибрирано управување, како и сопирачки со високи перформанси, со дијаметар од 350 милиметри.

Дополнително, CLA 35 SB добива и AMG преден браник, преден сплитер, сребрени детали, 18-инчни лесни тркала, спортски странични прагови, заден спојлер и интересен заден браник со вграден дифузер. Секако, купувачите ќе можат да нарачаат интересни стајлинг пакети – тука се AMG Night пакетот, како и AMG Aerodynamics пакетот, кој додава поголем преден сплитер и странични крилца, како и поголем заден спојлер.

Кабината е идентична како кај CLA 35 – а тоа значи двобојна комбинација, детали во сјајна црна боја, како и детали од метал. Секако, тука е и супер-напредниот MBUX интерфејс на Mercedes-Benz. Дизајнот на Mercedes-AMG CLA 35 Shooting Brake го потпишува Славче Таневски.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.