Ајде да славиме 60 години MINI! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ајде да славиме 60 години MINI!

Оваа сабота љубителите и фановите на MINI ќе го слават 60-тиот роденден на легендарниот, минијатурен британски автомобил.

АМК РПМ и Класик Мини најавуват настан преку кој на свој начин ќе го одбележат 60-тиот роденден на популарниот британски MINI. Затоа, ги канат сите фанови и пријатели на брендот на 8ми Јуни 2019 (оваа сабота) на заедничко дружење и изложба.

Местото на настанот е плоштадот Делфина во Влае, во сабота во 11:00 часот. Ветуваат голем број на автомобили, но и гости и пријатели со уникатни возила.

Ајде да славиме 60 години MINI – се гледаме во сабота!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.