full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новата Opel Corsa дебитира со електричен погон

Пред само неколку дена ги објавивме официјалните фотографии од новата генерација на Corsa, малиот градски компакт на Opel чија прва генерација се појави на градските улици во веќе далечната 1982 година.

Од Opel конечно решија официјално да ни ја претстават најновата, шеста генерација на Corsa, споделувајќи ги истите фотографии но овој пат проследени со повеќе детали околу техничките решенија со кои ќе може да се сретнеме во Corsa.

На самиот почеток од производството, Corsa ќе се продава исклучиво со електричен погон, и тоа 50 kWh батерија и електричен мотор со моќност од 134 коњски сили и 192 Nm вртежен момент. Со едно полнење би требало да се поминуваат околу 330 километри. Доколку се користат брзи полначи, батеријата ќе може да се наполни до 80% за само 30 минути. За пофалба е и времето во кое Corsa ќе забрзува до 50 км/ч – само 2.8 секунди – што би значело дека овој градски компакт дефинитивно е спремен за модерната динамика на градскиот сообраќај.

Ентериерот е една од областите каде е очигледно влијанието на новиот „газда“ на Opel – францускиот PSA. 7-инчниот (или 10-инчен во повисоките пакети на опрема) централен инфо-екран го користи софтверот на францускиот производител и ќе биде речиси идентичен со системите кои ги користат Peugeot и Citroen.

Секако, Corsa нема да остане исклучиво електричен модел. Се очекуваат и две изведби на 1.2 литарски турбо-бензинец (75 и 128 коњски сили), како и 1.5 литарски турбо-дизел (99 коњски сили).



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.