Добро-познатите KIA Rio и Stonic сега се достапни во новата Vision генерација – која доаѓа со збогатено ниво на опрема.
КИА Моторс Македонија продолжува да нè изненадува кога станува збор за опременоста на своите автомобили. Токму тоа е најважниот новитет кај KIA Rio и KIA Stonic во EX Vision нивоата на опрема.
Станува збор за модели од следната генерациска година кои добиваат надградување како на екстериерот, така и во кабината. Кросоверот KIA Stonic во EX Vision ниво на опрема меѓу другото, сега добива и LED дневни и LED задни светла, странични ретровизори со вградени LED трепкачи и електрично преклопување, како и 15-инчни алуминиумски тркала.
KIA Rio со EX Vision опремата добива централен наслон за рацете, LED дневни светла, како и странични ретровизори со LED трепкач и електрично преклопување.
Со ова освежување, Rio и Stonic не само што добиваат посовремен надворешен лик – туку се побогати и во внатрешноста, а сето тоа ги прави уште попривлечни за купувачите во нашата земја.
Секако – препорачуваме да ги прочитате нашите тестови на KIA Stonic и KIA Rio.