full screen background image
Search

Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac

Хрватскиот производител на електрични супер-автомобили и јужнокорејскиот гигант ја најавија својата соработка која треба да резултира со два електрични автомобили со високи перформанси.

Hyundai Motor Corporation и KIA Motors Corporation заеднички  инвестираа 80 милиони евра во Rimac Automobili. Инвестицијата на Hyundai тежи 64 милиони евра, додека онаа на KIA 16 милиони евра. Трите компании објавија стратешко партнерство во соработка за развој на електрични автомобили со високи перформанси. Со оваа соработка, Hyundai Motor Group сака да ја забрза својата транзиција кон еколошки-чиста мобилност и да се позиционира себеси како глобален лидер во индустријата.

Од друга страна, Rimac се наметна себеси како водач во развој на технологии за електрични возила со високи перформанси. Компанијата веќе испорачува свои решенија на неколку светски брендови, а на листата сега ги додаваме Hyundai и KIA.

Мате Римац, основачот на Rimac Automobili изјави дека „ние сме многу импресионирани од визијата на Hyundai Motor Group и нивната одлучна иницијатива. Веруваме дека ова технолошко партнерство ќе резултира со огромна вредност за нашите компании и нашите клиенти.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.