full screen background image
Search

Opel Grandland X добива плаг-ин хибридна верзија со 300 коњски сили

Врвната изведба на Opel Grandland X доаѓа со плаг-ин хибриден погон кој нуди 300 коњски сили и погон на сите четири тркала!

Како дел од PSA групацијата, Opel има пристап до хај-тек решенијата на Peugeot – и токму од Peugeot 3008 Hybrid4 потекнува и плаг-ин хибридниот погон кај оваа, врвна изведба на Grandland X.

Хибридниот погон комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец и два електромотори, како и литиум-јонска батерија со капацитет од 13.2 kWh, за вкупна системска моќност од 300 коњски сили. Бензинецот испорачува 200 коњски сили, а електромоторите испорачуваат по 109 коњски сили. Едниот електромотор е поврзан на предните тркала, додека другиот е на задната оска – со што Grandland X конечно добива погон на сите четири тркала.

Со сето ова, Grandland X Hybrid4 добива четири различни режими на возење – Electric, Hybrid, AWD и Sport. Луѓето од Opel кажуваат дека хибридниот Grandland X ќе може да помине до 50 километри на електрична енергија според WLTP мерењата – и се очекува дека ќе може да троши само 2.2 литри бензин на 100 изминати километри и ќе има емисија на штетни гасови од само 49 грама CO2 на изминат километар.

Продажбата ќе започне наскоро, а првите примероци ќе бидат испорачани на почеток на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.