full screen background image
Search

Потпишан меморандум за забрзување на прифаќање на електричната мобилност во регионот!

Во Софија се одржа Форумот за Паметни Градови и Мобилност, и таму пет здруженија од пет балкански земји потпишаа значаен меморандум за соработка!

На Smart Cities & Mobility Forum во Софија се дискутираше за многу работи, меѓу кои и трендовите во урбаната мобилност и електричните автомобили. Пет здруженија од пет различни балкански земји го искористија токму овој форум за да потпишат меморандум, преку кој се согласија да соработуваат во рамките на нивните напори за побрзо прифаќање на електричната мобилност во регионот.

Меморандумот го потпишаа Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Романија, и овој меморандум најавува дека заеднички ќе бидат разгледани сите пречки за електричната мобилност, дека ќе се влијае на владите и локалните власти во насока на усогласување на регулативите за имплементација на полначи, итн.

Со оглед на растечката популарност на електричните возила, ова е значаен чекор напред кон електрификацијата, и ние го поддржуваме понатамошниот развој на оваа иницијатива.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.