full screen background image
Search

Continental SportContact 6 се најдобри според германскиот Sport Аuto магазин!

Германскиот Sport Аuto спореди 9 различни спортски пневматици и Continental SportContact 6 беше единствениот модел кој ја доби „Високо Препорачано“ ознаката!

Финалниот заклучок на Sport Auto е прилично конкретен – „најкратки дистанци на сопирање, спортско и директно управување, како и висока динамична стабилност.“ Continental SportContact 6 се истите оние супер-спортски пневматици кои ние имавме можност да ги возиме на неколку различни автомобили на Continental Black Chili настанот минатата година.

Тестирањето на Sport Auto вклучуваше 9 различни модели од американски, европски и азиски производители – и тоа во димензии 245/30 R20 Y. Возилото на кое беа тестирани е Honda Civic Type R (се сеќавате кога хот хеч автомобилите имаа 17-инчни тркала?), и само Continental SportContact 6 успеа да ја добие „Високо Препорачано“ титулата од германскиот магазин. Новинарите од Штутгард кажаа дека токму SC6 нуди „најкратки дистанци на сопирање и безбедно подуправување во мокри услови, спортско, директно управување и висока стабилност на суво, кристално-чисти повратни информации, исклучителна насочена стабилност и одлични реакции од автомобилот.“

SportContact 6 е супер-спортски модел наменет за автомобили со ултра-високи перформанси. Супериорните перформанси се добиени преку реформулирана хемиска композиција на самата гума, редизајнирана „шара“ и модерна конструкција на самиот пневматик. SportContact 6 се нуди во скоро 90 различни димензии, достапни за фелни од 18 па сè до 24 инчи, и ширина од 225 до 335 милиметри. SportContact 6 пневматиците имаат рејтинг до 350 километри на час.

Погледнете ја нашата репортажа од Continental Black Chili каде возевме Audi RS3, BMW M240i, Porsche Boxster, Mercedes-AMG C43 и Tesla Model S – сите опремени со Continental пневматици!

Continental SportContact 6 можете да ги добиете кај нашите пријатели од Мотоцентар.

Извор: PR Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.