full screen background image
Search

Volvo за три пати ќе го зголеми производството на хибридни модели

Од Volvo кажуваат дека ја потцениле побарувачката за плаг-ин хибридните модели кои ги произведуваат, и токму затоа неколкукратно ќе го зголемат производството на овие автомобили.

Производителите неретко ја потценуваат (или преценуваат) побарувачката за некои модели – и токму тоа се случи и со Volvo. Според изјавите кои доаѓаат директно од претседателот на брендот – Hakan Samuelsson – тие ја потцениле побарувачката за плаг-ин хибридните модели.

„Не сме среќни, бидејќи можевме да продадеме повеќе автомобили. Ја потценивме побарувачката и тројно ќе го зголемиме капацитетот до крајот на оваа година, во однос на минатата година.“ – изјави Hakan Samuelsson. Дополнително, Samuelsson изјави дека плаг-ин хибридите земаат удел до 15% кај некои модели, и дека очекува оваа бројка да биде уште поголема.

Секако, одлуката да се зголеми производството не е лесна, ниту едноставна да се изведе – Volvo купува, а не произведува батериски модули, па ќе мора да ги „притисне“ своите добавувачи за да можат да го забрзаат производството. Желбата да се триплира производството до крајот на оваа година е амбициозна, но не и неизводлива.

Сепак, сето ова кажува дека трендовите кај купувачите се менуваат, и дека тие се повеќе бараат хибриди – и секако, очекуваме овој тренд да продолжи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.