ПРЕМИЕРА: Bugatti La Voiture Noire чини 16.7 милиони Евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Bugatti La Voiture Noire чини 16.7 милиони Евра!

Францускиот бренд тукушто ја откри современата интерпретација на Type 57 SC Atlantic – кој се вика едноставно La Voiture Noire, односно „Црниот Автомобил“ на француски!

Црниот Автомобил на Bugatti според претседателот на брендот – Stephan Winkelmann – е „ултимативниот GT“. Модерната интерпретација на Type 57 SC Atlantic е изградена врз основата на супер-брзиот Chiron, но со уникатна и спектакуларна каросерија.

Каросеријата на La Voiture Noire е целосно рачно изработена од карбон. Од Bugatti кажуваат дека ништо не го прекинува „текот на дизајнот“ – браниците се интегрирани во каросеријата а стаклените површини се направени да изгледаат како визир на тркачки шлем. На предниот дел вниманието го задржуваат предните светла и големите отвори за воздух, како и потписот на Bugatti – централниот отвор за воздух во облик на потковица. Страничниот профил е екстремна интерпретација на изгледот на еден купе автомобил, а на задниот дел вниманието го задржуваат како светлосниот потпис, така и шестте завршетоци на издувниот систем.

Инаку, погонот е истиот од Chiron – 8-литарски квад-турбо W16 бензинец кој испорачува 1500 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент. Немаме информации околу перформансите, но.. Важно ли е? La Voiture Noire веќе го има приматот на најскап нов автомобил – продаден е за 16.7 милиони евра. Сопственикот не е познат, но се шпекулира дека се работи за поранешниот претседател на Volkswagen Group, Ferdinand Piech.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.