full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Славче го претстави својот Mercedes-Benz CLA Shooting Brake во Женева

Mercedes-Benz го претстави CLA Shooting Brake во Женева – а свое место на сцената имаше и дизајнерот кој го потпишува новиот компактен караван – македонецот Славче Таневски!

Новиот CLA изгледа навистина супер – а со новиот Shooting Brake добива дополнителен кул-фактор, но и многу повеќе простор. CLA Shooting Brake е 48 милиметри подолг, 53 милиемтри поширок и 2 милиметри понизок од моделот кој го заменува, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за цели 30 милиметри.

Дизајнот е истиот како кај CLA (кој исто така го потпишува Славче Таневски), но главната разлика е во задниот дел. Караванската изведба изгледа навистина интересно, без притоа да биде премногу нагласен овој облик, туку навистина е посветено внимание на Shooting Brake елементите. Багажникот нуди капацитет од 505 литри. Инаку, од Mercedes-Benz кажуваат дека CLA и CLA Shooting Brake ќе бидат најдинамични меѓу компактните модели.

Славче зборуваше за дизајнот, но својата презентација ја започна со своите први цртежи од само 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуализации за автомобилите. Инаку, тој е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes-Benz каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот. Погледнете го Славче Таневски на презентацијата:

CLA Shooting Brake ги добива сите модерни технологии и системи за активна и пасивна безбедност на Mercedes-Benz. Меѓу другото, добива иActive Distance Assist, Active Steer Assist, Active Lane Change Assist, Active Park Assist и многу, многу повеќе. Купувачите ќе можат да изберат меѓу неколку различни бензински и дизел мотори, и меѓу рачен или автоматски менувач со двојна спојка. На самиот почеток најмоќната верзија доаѓа во форма на CLA 250 Shooting brake со 225 коњски сили, а понатаму таа позиција ќе ја завземе неизбежната AMG-изведба.

Продажбата ќе започне во Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.