ПРЕМИЕРА: Новиот Ford Focus ST напаѓа со 2.3-литарски EcoBoost со 280 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Ford Focus ST напаѓа со 2.3-литарски EcoBoost со 280 коњски сили!

Новиот Focus ST ќе може да се добие со 2.3-литарски турбо-бензински EcoBoost со 280 коњски сили, или пак 2-литарски EcoBlue турбодизел со 190 коњски сили.

Новиот Focus ST го „пензионира“ 2-литарскиот турбо-бензинец и сега ќе го користи 2.3-литарскиот EcoBoost кој се нудеше кај Focus RS и Mustang EcoBoost. Во оваа конфигурација, моќниот турбо-бензинец испорачува 280 коњски сили при 5500 вртежи во минута и 420 Nm вртежен момент од 3000 до 4000 вртежи во минута.

Од Ford кажуваат дека спринтот до 100 километри на час ќе трае „помалку од 6 секунди“, а Focus ST ќе добие и eLSD електронски диференцијал со ограничено пролизгување. Новиот мотор користи технологии и техники добиени од Ford GT и F-150 Raptor – меѓу другото и anti-lag технологија која ветува „инстантна испорака на сила“ во Sport и Track Drive режимите. Технологијата е прилично едноставна – кога возачот ќе ја отпушти педалата за гас, системот сепак задржува одреден дел – а со тоа компресорот на турбината одржува брзина и го елиминира каснењето.

За оние кои сакаат турбодизел, тука е новиот EcoBlue мотор кој е најмоќниот дизел некогаш вграден во Focus. Тој испорачува 190 коњски сили при 3500 вртежи во минута и 400 Nm вртежен момент меѓу 2000 и 3000 вртежи во минута. Без разлика на моторот, ќе можете да добиете шест-брзински мануелен менувач со технологија за израмнување на вртежите, или 7-брзински автоматски менувач.

 

Секако, бидејќи се работи за Focus ST, магијата не е само во моторот – па Focus ST добива преработена суспензија, помоќни сопирачки и спортски бодикит. Од Ford кажуваат дека ова е „најреспонзивниот и најагилниот Focus ST досега – како на улица, така и на тркачката патека.“ Дел од пакетот е адаптивна суспензија – а амортизерите со 20% поцврсти напред односно 13% позади. Автомобилот е 10 милиметри поблиску до подлогата, а електричното серво е забрзано за дополнителни 15%.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Ford Capri се враќа во форма на електричен купе-SUV

Кабината добива спортски Recaro седишта, спортски управувач и алуминиумски детали, додека екстериерот добива цела гама на дискретни и не-баш-дискретни измени кои ќе го издвојуваат Focus ST од обичниот Focus. Како и досегa, Focus ST ќе може да се добие како хечбек или караван.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.