full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите максимални цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денари додека цената на дизелот останува непроменета.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5, односно 1.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50 односно 64.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.