Ford Focus е Автомобил на Годината во Македонија за 2019! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Focus е Автомобил на Годината во Македонија за 2019!

Пред само неколку моменти пристигна информацијата дека Ford Focus е Автомобил на Годината во Македонија за оваа година, додека признанието SUV на годината оди кај Citroen C5 Aircross!

Националното жири кое го одбира Автомобилот на Годината во Македонија пред само неколку моменти објави дека оваа година титулата оди кај Ford Focus, додека признанието за SUV на годината оди кај Citroen C5 Aircross.

Новиот Focus не ни е непознат – ние имавме можност да го возиме уште на неговото меѓународно лансирање минатата година во Франција, за потоа „на домашен терен“ да го возиме луксузниот Focus Vignale и пред неколку седмици и супер-интересниот Focus со 1-литарски EcoBoost со 125 коњски сили.

Супер-комфорниот Citroen C5 Aircross го возевме неодамна на патеката NAVAK во Србија – и впечатоците се токму такви, дека се работи за SUV каде комфорот има примарно место.

Оваа година за титулата се бореа KIA Ceed, Citroen C5 Aircross, Opel Grandland X, Ford Focus и Volvo XC40.

Признание „Томислав Билјарац“

Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по вторпат го доделува и признанието „Томислав Билјарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија. Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Билјарац“ за 2019 година да му биде доделена на Стерули Бураку.

Им честитаме на победниците!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.