Audi додава уште два мотори во палетата на големиот Q8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi додава уште два мотори во палетата на големиот Q8

Знаменосецот на Q-гамата на Audi досега се нудеше само со една варијанта на 3-литарскиот TDI, но сега ќе се нуди со уште еден турбодизел, како и нов турбо-бензинец!

Сакате Audi Q8? Досега можевте да го нарачате само со 3-литарскиот V6 TDI кој ја носеше ознаката 50 TDI – кој испорачува 286 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, доволно за „стотка“ за 6.3 секунди и максимални 245 километри на час. Сега Audi во понудата додаде уште една – послаба – варијанта на овој мотор кој ја носи ознаката 45 TDI. Оваа варијанта нуди 231 коњска сила и 500 Nm вртежен момент – со кои големиот купе-SUV постигнува 100 километри на час за 7.1 секунда а максималната брзина е 233 километри на час.

Значително поинтересен е новиот турбо-бензинец. Како и кај турбодизелите, и тука се работи за 3-литарски V6. Овој мотор ја носи ознаката 55 TFSI и испорачува 340 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Со овој мотор, Q8 може да постигне 100 километри на час за хот-хечерски 5.9 секунди и да постигне електронски ограничена брзина од 250 километри на час.

Без разлика на моторот кој ќе го одберете, ќе добиете 8-брзински авоматски менувач и Quattro погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.