full screen background image
Search

Citroen ја претставува иднината на мобилноста со Ami One концептот

Концептот кој Citroen го подготви за Саемот на Автомобили во Женева се вика Ami One, и е само 2.5 метри долг, 1.5 метри широк и 1.5 метри висок – и тежи само 425 килограми!

Урбаната мобилност е малку тешка за разбирање – сите сме опседнати со бројки „до стотка“, број на седишта и слично – но во суштина, многу од времето го поминуваме сами во автомобилот, возиме на релативно кратки релации и не постигнуваме високи брзини.

„Citroen Ami One Concept е замислен да биде алтернатива на јавниот транспорт (автобус, воз итн), но и други модуси на транспорт како што се велосипедите и електричните скутери“ – кажуваат од Citroen, и додаваат – „Исто како што легендарниот 2CV ја направи слободата на движењето достапна за сите во минатиот век, Ami One сака да ја ослободи урбаната мобилност за сите со неговиот уникатен карактер кој нуди сосем ново искуство.“

Токму затоа, Citroen го нуди Ami One. Концептот е долг само 2.5 метри, широк 1.5 метри и висок 1.5 метри. Истовремено, тежи само 425 килограми, работи целосно на струја и може да постигне максимални 45 километри на час. Литиум-јонската батерија се полни за само два часа и е складирана под седиштата – и може да понуди автономија од 100 километри. Ова не звучи како многу – но имајте во предвид дека ова е градско возило.

Интересен новитет кај Ami One е звучниот сигнал кој го емитира. Во согласност со регулативите, сите електрични автомобили произведени по 1ви Јануари 2019 мораат да испуштаат некаков звук, а Citroen одлучи кај Ami One тоа да бидат машки и женски гласови кои формираат ноти кои се менуваат во зависност од брзината. Кабината нуди простор за двајца, а возилото ќе се отклучува преку QR код, додека клуч ќе биде вашиот мобилен телефон кој ќе морате да го оставите на специфично место за да можете да возите. Ami One е полн иновативни технологии – па покрај хед-ап дисплејот ќе можете да користите гласовни команди, итн.

Поврзано:   Продадени 200.000 примероци од новиот Citroën C3 Aircross

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.