СУПЕР-ТЕСТ: Toyota C-HR Hybrid – Колку малку може да троши C-HR? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

СУПЕР-ТЕСТ: Toyota C-HR Hybrid – Колку малку може да троши C-HR?

Вистинскиот дом на C-HR е во урбаната џунгла – јапонскиот хибриден кросовер е „како дома“ по градските улици и во градскиот метеж – но колку всушност може да биде економичен?

Досега

Модел: Toyota C-HR Hybrid Cult
Изминати Километри: 1945
Просечна Потрошувачка: 5.1 литри / 100 изминати километри
Досегашни Објави:

Возењето хибриден автомобил (особено хибриден автомобил кој користи CVT менувач како кај C-HR) бара одредено „менување“ на возачките навики. Често добиваме прашање – „до која брзина може да вози на струја“, или пак „која е максималната брзина која може да се постигне на струја?“ Еден од најголемите предизвици е токму менување на возачките „предрасуди“ – хибридниот систем кај C-HR е замислен да биде „асистент“ за возење во оние моменти кога е најпотребен.

Најдобар пример за ова се градските „тргни-застани“ ситуации. Токму во тие моменти класичните мотори со внатрешно согорување „трошат“ највеќе. Но кај хибридните автомобили, оваа задача ја презема електромоторот, и во овие ситуации не трошиме бензин, туку струја.

Дополнително, мора да напоменеме дека хибридите постигнуваат најдобри резултати кога се возат со таканаречената Pluse & Glide тактика – ја притискаме педалата за гас, ја постигнуваме саканата брзина и потоа со отпуштање на педалата и мноооогу неееежно притискање ја одржуваме саканата брзина. Во овие ситуации бензинскиот мотор или воопшто не работи, или работи скоро неприметно и скоро и да не троши гориво.

И во тие ситуации, колку малку може да троши C-HR? Најниската потрошувачка која ние успеавме да ја евидентираме е 1.7 литри бензин на 100 изминати километри – и тоа во град! Секако, таа потрошувачка не е лесно одржлива во реалноста – но сепак е можна, ако сме многу, многу внимателни. Сепак, во реални услови C-HR може да троши помалку од 5 литри на 100 изминати километри во градски услови – а тоа се суперхеројски резултати.

Спецификации

Модел: Toyota C-HR Hybrid Cult
Мотор: 1.8-литарски атмосферски бензинец, 4 цилиндри
Системска Моќност: 122 коњски сили
Вртежен Момент: 142 Nm од МВС, 163 Nm од електромотор
Менувач: Бесстепен автоматски e-CVT
Забрзување 0-100 км/ч: 11 секунди
Максимална Брзина: 170 километри на час
Должина: 4360 mm
Ширина: 1795 mm (со странични ретровизори)
Висина: 1555 mm
Тежина: 1460 килограми
Меѓуоскино Растојание: 2640 mm
Багажен Простор: 377 литри
Потрошувачка: 4.9 литри на 100 изминати километри (измерена, градска)
Цена на основниот модел: Toyota C-HR Hybrid Center – 24.890 Евра
Цена на тестираниот модел: Toyota C-HR Hybrid Cult – 26.890 Евра
Повеќе Информации: Toyota.com.mk


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.