full screen background image
Search

Aston Martin и TAG Heuer се партнери и надвор од Formula1

TAG Heuer е швајцарски бренд со кој многу често се сретнуваме во Formula1. Најпознати се по производството на ексклузивни рачни часовници, и секако, по спонзорство на многу од најтрофејните производители во Formula 1.


Оваа сезона покрај TAG Heuer, спонзор на Red Bull Racing тимот е и престижниот британски производител на спортски и луксузни автомобили – Aston Martin. Двата брендови соработуваат и вон Formula 1, преку неколку часовници инспирирани од навистина прекрасните автомобили на Aston Martin. Но, најновата соработка е од сосема други размери, и се нарекува Aston Martin DBS Superleggera “TAG Heuer Edition”. Долго, но самообјаснувачко име.

Оваа луксузна верзија на DBS Superleggera ќе се произведе во само 50 идентични примероци. Карбонски ретровизори, карбонски кров, како и карбонски спојлер и дифузер ќе бидат комбинирани со Monaco Black боја (која е всушност темно црвена на светол сончев ден).

Впечатлив детаљ се и Pirelli P-Zero гумите со странични ѕидови во црвена боја – инспирирани од гумите кои се користат во F1. Црвени детали може да се најдат и во ентериерот: црвените шевови насекаде низ внатрешноста, како и црвените TAG Heuer логоа вшиени во наслоните на седиштата се комбинирани со карбонски детали на вратите. За тоа кој часовник на TAG ќе го краси ентериерот немаме информација, но наша претпоставка е дека секој купувач ќе може да си избере модел кој навеќе му одговара.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.