full screen background image
Search

Bentley Bentayga Speed е новиот најбрз SUV на светот

Титулата „Најбрз SUV на Планетата“ до пред само неколку моменти заслужено беше кај Lamborghini Urus – но сега таа оди кај Bentley Bentayga Speed.

Bentley Bentayga Speed користи надградена верзија на супер-моќниот 6-литарски W12 твин-турбо бензинец, кој во оваа конфигурација испорачува 635 коњски сили и 900 Nm вртежен момент – а сето тоа резултира со катапултирање до 100 километри на час за 3.9 секунди и максимални 305 километри на час – и со тоа Bentayga Speed е најбрзиот SUV на планетата.

Bentayga Speed се издвојува преку дискретно затемнетите предни светла, маска на ладилникот и отвори за воздух, уникатните 22-инчни тркала, странични прагови во боја на каросеријата, заден спојлер и Speed ознаки.

Кабината добива ентериер кој комбинира Алкантара, кожа и многу, многу интересни детали. Шасијата има претрпено одредени промени, па сега добива доработен Sport режим за уште подобри реакции од моќниот W12. Доработен е и Bentley Dynamic Ride системот за подобрено „држење“ во свиоци. Speed третманот завршува со доработен издувен систем кој сега е погласен – а со тоа и позабележителен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.